Македонскиот дизел најевтин во Европа

Bez autora
Oct 12 2011

Македонците повторно се едни од најпривилегирани возачи во Европа. Тие ги возат своите автомобили со најевтин бензин во регионов, откако Регулаторната комисија за енергетика одлучи од вчера бензините да поевтинат за три денари, а дизелот за 2,5 денари за литар. Дизелот со цена од 1,07 евра за литар повторно е најевтиниот во регионов и пошироко во Европа, а по нас со 1,15 евра за литар е Луксембург и Полска со 1,18 евра за литар. Просечната цена на бензините во Македонија, исто така, е меѓу најевтините, само Полска и Босна и Херцеговина имаат нешто поевтин бензин кој чини 1,18 евра за литар. Сегашната цена на еуросупер БС-95 изнесува 77 денари, а на еуросупер БС-98 е 78,5 денари за литар. Еуродизелот (Д-Е В) се точи по 67,5 денари, што, пак, е убедливо најевтината цена во регионов. Екстралесното сега чини 56,5 денари за литар, а се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС кој изнесува 41,440 денари за килограм.

Македонскиот дизел најевтин во ЕвропаМакедонците повторно се едни од најпривилегирани возачи во Европа.

Тие ги возат своите автомобили со најевтин бензин во регионов, откако Регулаторната комисија за енергетика одлучи од вчера бензините да поевтинат за три денари, а дизелот за 2,5 денари за литар. Дизелот со цена од 1,07 евра за литар повторно е најевтиниот во регионов и пошироко во Европа, а по нас со 1,15 евра за литар е Луксембург и Полска со 1,18 евра за литар. Просечната цена на бензините во Македонија, исто така, е меѓу најевтините, само Полска и Босна и Херцеговина имаат нешто поевтин бензин кој чини 1,18 евра за литар.

Сегашната цена на еуросупер БС-95 изнесува 77 денари, а на еуросупер БС-98 е 78,5 денари за литар. Еуродизелот (Д-Е В) се точи по 67,5 денари, што, пак, е убедливо најевтината цена во регионов.

Екстралесното сега чини 56,5 денари за литар, а се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС кој изнесува 41,440 денари за килограм.

Според објаснувањето од регулаторите, корекцијата на цената се должи на просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-дневен период која пак, изнесуваше 105,926 долари за барел и е за 6,98 отсто пониска од просечната цена на сурова нафта по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати во претходниот двонеделен период. Поволен беше и курсот на денарот во однос на доларот во изминатите две недели кој изнесуваше 45,69 денари и е за 1,34 отсто повисок од курсот на доларот по кој беа формирани цените.

На бензинските пумпи во соседна Србија се точи најскап бензин и тој изнесува 1,36 евра за литар, а дизелот чини 1,36 евра за литар. Сопствениците на бензинските пумпи неколку пати го алармирале ресорното министерство дека прометот на сите бензински пумпи што се лоцирани долж Коридорот 10 е драстично опаднат, бидејќи странците избегнуваат да полнат на нивните пумпи и тоа го прават во соседните држави, особено во Македонија, БИХ и Бугарија.Тие, исто така, негодуваат и велат дека во нивната земја нема повраток на ДДВ за горивата за странските државјани.

Враќањето на ДДВ за странци е честа појава во европските земји за разни стоки, бидејќи имаат таков разработен систем. Минималниот износ на кој се врши враќање во секоја европска земја е различен, но просечно се движи околу 150 евра. Постапката е едноставна и кога се купува бензинот се зема запис на посебен шалтер, кој утврдува колкав треба да биде износот што треба да му се врати на купувачот кој е странец.

И во Македонија нема повраток на ДДВ на горивата, а на тој начин странските возачи би биле уште повеќе стимулирани да точат бензин во своите возила.

Македонските експерти од оваа област велат дека овој систем за враќање на ДДВ е прилично сложен за подготовка и токму затоа се уште не е присутен во земјава. Тие посочуваат дека има и развиени земји од ЕУ кои исто така не поседуваат ваков систем.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik